Во изјава за јавноста објавена вчера доцна навечер амбасадата на Соединетите Американски Држави во Приштина изрази разочарување поради некоординирана акција на косовските власти против српските пошти на северот од Косово.
Според објавата со оваа акција владата на Курти ја поткопува регионалната безбедност.
Владата на САД е длабоко разочарана од едностраните, некоординирани акции преземени од Владата на Косово против филијалите на српските пошти на северот на Косово, се вели во соопштението.
,,Некоординираните акции на Косово ги ставаат косовските граѓани и војниците на КФОР во поголем ризик, непотребно ги ескалираат регионалните тензии и го поткопуваат угледот на Косово како доверлив меѓународен партнер.
Ја повикуваме владата на Косово да престане со какви било натамошни еднострани дејствија и да се врати на конструктивен ангажман во дијалогот олеснет од ЕУ за решавање на прашањата поврзани со нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија”, порачуваат од американската амбасада во Приштина.






