Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска го потпиша решението за распишување на локалните избори. Откако спикерот тоа го стори изборите треба да се одржат на 15 октомври, а веднаш со ова Џафери изјави дека решението ќе го достави до ДИК.
Кампањата почнува 20 дена пред изборите, а Собранието во тој период ќе работи, но нема да има пленарни седници, вели претседателот на Собранието, за како што додава, седниците да не се претворат во изборна кампања.
Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека е известена за потпишаното решение за распишување на локалните избори и чекаат документот да им биде доставен, а одлуката да биде објавена во Службен весник на Република Македонија.




