Ова е став на турскиот претседател кој најави мерки за зголемување на наталитетот во неговата земја.
„ Наша заедничка одговорност е да ги заштитиме нашите деца и млади од штетните трендови и перверзните идеологии. Неолибералните културни трендови ги преминуваат границите и продираат во сите делови на светот.
Тие, исто така, водат кон зајакнување на ЛГБТ и другите движења. Критиките кон ЛГБТ луѓето веднаш се премолчуваат, исто како и легитимната критика на ционизмот. Секој што ја брани природата и семејството е подложен на жестоки угнетувања“,вели Ердоган.
Парадите на гордоста се забранети во Турција од 2015 година, а оние кои сакаат да учествуваат се соочуваат со солзавец и со полициски барикади.
Осврнувајќи се на „алармантниот“ пад на стапката на раст на населението, Ердоган потсети на неговото барање од 2007 година семејствата да имаат најмалку три деца.
Тој, исто така, изрази загриженост за зголемените стапки на разводи и фактот дека луѓето подоцна стапуваат во брак.
одишната стапка на раст на населението во Турција падна од 2,53 отсто во 2015 година на 0,23 отсто минатата година.
„Доколку не ги преземеме неопходните мерки, проблемот ќе достигне непоправливи нивоа. Во таква средина, губењето на населението е неизбежно“, изјави Ердоган, пренесе Плусинфо






