Во интервјуто за BBC, актерка зборувaшe за своите напади на паника и за детските тешкотии. Стоун (28) покажа цртеж од периодот кога имала само девет години нацртан за време на третманотите и на него имаше мало зелено чудовиште што за неа представувало голем страв. Таа потоа тврдеше дека актерството многу и помогнало во надминување на тоа чувството.



„Денеска сѐ уште имам тешкотии, но немам панични напади“, рече таа.

Како дете, таа верувала дека никогаш нема да може да ја напушти родната Аризона, но со 15 години, таа се преселила во Холивуд.

„Бев многу, многу трауматизирано дете и имав чести напади на паника. Терапијата беше многу корисна, почнав со седум години, а глумата и импровизацијата многу ми помогнаа многу“, рече актерката.

Ема Стоун вели дека сега живее повеќе балансиран живот, бидејќи таа раководи со нејзиниот проблем со помош на експерти.

Да потсетиме, 28 годишната Стоун,  ја освои наградата „Оскар“ за најдобра актерка за улогата во мјузиклот „Ла ла ленд“, а списанието „Форбс“ ја прогласи за најплатена актерка за 2017. година со заработка само во последната година од 26 милиони долари.