Елена Петрова е новата директорка на Управата за јавни приходи, било одлучено на првата владинаседница, а на чело на Царинската управа седнува Бобан Николовски. Именувањата се дел од одлуките донесени на првата владина седница.
Длабока благодарност на премиерот Проф.д-р Христјан Мицкоски и на министерката за финансииГордана Димитриеска-Кочоска за дадената доверба да ја раководам Управата за јавни приходи – УЈП.Ова за мене претставува огромна чест и обврска. Ќе возвратам со посветена, чесна и одговорна работа која ќе гарантира мобилизација на даночните приходи кои се најважен-финансиски инпут за реализација на владините политики и мерки за посилна економија и подобар животен стандард на граѓаните.
Наша одговорност кон општеството е да ги детектираме и намалиме сите загуби на даночни приходи и максимално да ги насочиме средствата кон државниот трезор за да се користат за доброто на сите македонски граѓани, сегашните и идните генерации.
За тебе, за сите нас, за Македонија!“ – напиша Петрова на Фејсбук.
Петрова и е позната на јавноста како дополнителен заменик-министер за финансии во последната техничка Влада. Зад себе има повеќе од 25 години искуство во УЈП, каде што била и на позицијата управник на Дирекцијата за големи даночни обврзници.






