Екс министерот за финансии Трајко Славески бара ревизија на висината на потрошувачката кошница согласно бројот на членови на семејство.
Во моментов според Заводот за статистика официјалната висина на потрошувачката кошница е 62 илјади денари а таа се прави на база на четиричлено семејство.
Според Славески тоа е погрешно затоа што во Македонија најголем дел од семејствата имаат два или три члена односно се 3/5 од целото население.
Четири члена имаат само една петтина или 20 процес ти од семејствата.
Доколку како база за пресметување на потрошувачката кошница се земат семејствата со 3 члена тогаш нејзината висина ќе биде за најмалку 200 евра или 12 илјади денари пониска.
Во кратка анализа со наслов ,,ТИПИЧНО МАКЕДОНСКО СЕМЕЈСТВО: ТРИЧЛЕНО ИЛИ ЧЕТИРИЧЛЕНО? ЗАКЛУЧЕТЕ САМИ!”, Слевески дава објаснување за реалната ситуација:
Податоци за домаќинствата, Попис 2021 година:
– 1.836.713 жители живеат во вкупно 598.713 домаќинства, следува:
– Просечен број на членови во едно домаќинство – 3 (три);
– Вкупен број на домаќинства со еден, два и три члена – 359.684, следува:
– 60% од домаќинствата во Македонија се со максимум три члена;
– Број на домаќинства со 4 члена – 117.084, или околу 20% од вкупниот;
– Останатите околу 20% од вкупниот број домаќинства се со 5 и повеќе членови.
Зошто вредноста на месечната потрошувачка кошничка ја пресметуваме за четиричлено, а не за тричлено семејство? Само прашувам”, посочува екс министерот за финансии објавувајќи информација од Заводот за статистика.







