Екс „албанскиот премиер“ Талат „топло“ им препорача на пратениците од Вреди дека „треба да му ги мијат нозете на Ахмети“!

Тие, што го споменуваат Али Ахмети, треба да му ги мијат нозете и да пијат од таа вода, бидејќи да не беше тој, немаше ниту тие да бидат овде, каде што се!“ – изјави пратеникот од ДУИ Талат Џафери во својата реплика во Собранието кон пратениците од Вреди. Ова го објави ТВ Клан Македонија.



Натаму телевизијата истакнува: Во репликата беше вклучен и пратеникот од Вреди Ријад Шаќири, кој нагласи дека историјата на Албанците не започнала никогаш со Али Ахмети и оти нема ниту да заврши со него. „Овде, од оваа говорница слушаме постојано обиди да се возвиши по секоја цена на Али Ахмети. Талат Џафери, Албанците имаат многу историски процеси, кои се случиле и кога Ахмети уште и не ни бил жив. Што се однесува до миењето на нозете на Ахмети, кое го споменавте, имаме двајца оџи во нашите редови и не дај Боже да му ги измијат нозете, па да не се врати никогаш повеќе!“ – му возврати Шаќири на Џафери.