Ексминистер на ДПА најави формирање нова партија на Албанците

Поранешниот министер за животна средина и просторно планирање Џелил Бајрами објави дека е предводник на иницијатива за формирање нова политичка партија на Албанците во Македонија.



„Заедно со неколкумина пријатели и активисти презедовме иницијатива за формирање нов политички субјект, кој според својот концепт на дејствување ќе се разликува, со цел да ги направи побогати, а не да им ги зголеми проблемите и грижите на населението. Убедени сме дека оваа партија ќе биде надежта на македонските Албанци во моментот кога ќе се појави“, изјави Бајрами за „Медиал“.

Ексминистерот на Демократска партија на Албанците (ДПА), кој по завршувањето на мандатот од февруари 2007 до јули 2008 година продолжи да живее блиску до семејството во Албанија, не даде повеќе информации за новиот субјект, за името или за времето кога ќе биде промовиран, напомнувајќи само дека тоа ќе се случи многу брзо.