„Уставниот суд направи правен криминал со укинувањето на балансерот!“ – ова тврдење го изнесе поранешниот министер за правда од ДУИ Кренар Лога вечерва во емисијата „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија.
ТВ Клан Македонија ја цитира изјавата, што ја даде поранешниот министер-„праведник“ од ДУИ Лога во овој контекст: „Уставниот суд во Македонија веќе извесно време донесува чудни одлуки, а една од нив е укинувањето на балансерот. Со ова тој направи правен криминал, правно кривично дело. Пред една година јас водев битка со Уставниот суд, бидејќи тој донесуваше одлуки без да бидат именувани сите уставни судии: тогаш ги имаше само 7, а денес се 9-мина.“





