ЕЗБ: Името не е единствена пречка за НАТО!

Покрај решение на спорот за името, Македонија се соочува со неколку други предизвици кои што мора да бидат решение пред да стане членка на НАТО, пишува одлично информираниот портал „Европски Западен Балкан“ во својата анализа за влезот на земјата во алијансата.



Според анализата Македонија која што патот кон НАТО го започна во 1999 година со првиот МАП (Акционен план за членство) на последниот состанок на министрите за надворешни работи на алијансата добила уверување дека нејзиниот напредок ќе биде ревидиран пред идниот самит закажан за јули 2018 година.

Според ЕЗБ и покрај новата влада која што НАТО го гледа како врвен приоритет и е подготвена да го реши името на тој пат, нема гаранции тоа да се случи ако покрај името не бидат решени и другите проблеми на земјата.

Според официјалното соопштение по последниот министерскиот состанок во Брисел напредокот на Македонија ќе биде разгледано до април по трите средби за името кои што медијаторот Нимиц ги закажа за јануари, февруари и март.

Според Џејмс Мекеј шеф на Канцеларијата за Евроатланско и Глобално партнерство во НАТО ќе се премногу ќе се поедностави работата ако проблемот со името се смета за единствена тешкотија за Скопје.

„Гледаме назадување во демократијата, владеење на правото, и неодговорност на службите за безбедност и разузнавачките сервиси“, изјавил Мекеј за Дојче Веле пренесув ЕЗБ.

Според него новата влада се обврзала да ги спроведе потребните промени со цел исполнување на сите критериуми за влез во Алијансата.