Едностран „експертски став“ на Селмани дека на „државата и институциите им се изгубила трагата во Кочани“, а „јавната безбедност е загрозена“?!

„Експертот за безбедност и професор по право Башким Селмани изрази голема загриженост во врска со институционалната и државната одговорност по трагедијата во Кочан. Тој во емисијата „Покана во студио“ изјави дека овој случај уште еднаш покажува дека јавната безбедност во Македонија е загрозена, поради недостигот на контроли и отчетност од државните институции.“ – објави ТВ Алсат во информацијата со наслов „Селмани: Во Македонија едно е сигурно – ништо не е сигурно“.

Телевизијата натаму наведува: „Тука лежи институционалната и државната одговорност. Слушам дека ‘нема криминал без трага’, но кому му се губи трагата? Само на институцијата и државата.’ – посочи Селмани, изразувајќи загриженост дека овој случај може да се заташка како и многу други во минатото.“

„Тој рече дека парите што се издвојуваат за јавната безбедност не ги гарантираат ниту минималните услови за заштита на граѓаните. ‘Ние како даночни обврзници плаќаме за безбедноста, но ништо не ни е гарантирано. Тоа покажува дека во Македонија едно е сигурно, ништо не е сигурно.’ – рече тој.“

„Зборувајќи за правниот аспект, Селмани изнесе дека Законот за кривична постапка и правилата за увид на местата на н настанот се задолжителни и мора да се спроведуваат совршено. Тој истакна дека, без разлика дали бизнисот е легитимен или работи незаконски, одговорноста останува на државните институции. ‘И да е незаконски, имаме неодговорни институции, кои дозволиле таква активност. Државата не реагирала навремено, за да ја гарантира безбедноста.’ – дополни Селмани барајќи целосна и политички невлијателна истрага за овој трагичен настан.“