ЖРК Вардар продолжува со извонредните партии во оваа сезона, а потврда за тоа е триумфот на девојките во црвено-црно кои славеа кај Ларвик со 31-19, што е трета победа во групата Ц од Лигата на шампионките. Вардарки ја имаа Андреа Лекиќ која повлече за серија од 7-0 во последната третина од првиот дел кога од 9-9 дојдовме до 16-9 на полувреме, по што се беше рутина. Сара Ристовска и Андреа Пенезиќ дадоа по шест гола, а Ина Сусилина имаше 15 одбрани.
Со овие бодови и со максималниот ефект од три победи во три дуела ЖРК Вардар веќе е во следната групна фаза од ЛШ, иако и во овој има уште половина од натпреварите.




Машкиот дел од вардаровиот ракометен камп гостуваше во Цеље и победи со 31-28. Конечниот резултат говори дека беше неизвесно и дека скопјани ги скршија словенците дури пред крајот кога побегнаа од незивесните 26-25 на недостижни три предност. Ова е шеста победа на Вардар без пораз и без загубен бод во натпреварите од СЕХА.