Магазинот „Тајм“ објави насловна страница откако Џо Бајден се повлече од трката за претседател на САД.
Речиси извесно е дека наместо него кандидат ќе стане Камала Харис, поранешната потпретседателка на Бајден. Еден угледен магазин и ја посвети својата насловна страница.
Додека демократите се собираат околу Камала Харис, мора многу работи да се случат пред таа и формално да биде избрана за кандидат на партијата за ноемвриските избори, пишува index.hr.
Бајден веќе освои 3.896 делегати, многу повеќе отколку што му беше потребно за да ја обезбеди номинацијата на неговата партија.
Но, сега кога тој се откажа, тие делегати на дело можат да поддржат кого сакаат.
На нив останува да изберат нов кандидат. Тие треба да се сретнат во Чикаго на партиската конвенција на 19 август.
Доколку Демократската партија колективно не одлучи да поддржи нов кандидат, конвенцијата ќе биде целосно отворена со повеќе претенденти што ќе ги изберат партиските делегати.
За партиска номинација, кандидатот мора да освои најмалку 1.976 делегатски гласови.






