Задоволство ми е е да го поздравам вицепремиерот и министер за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи Никола Димитров во седиштето на НАТО. Дозволете ми да изразам благодарност до вашата влада и на вашиот народ како потврден партнер на НАТО. Вашите војници служат со посветеност во Авганистан. Сојузниците се многу благодарни за нивната служба, како и за поддршката и заложбата на вашата земја.
Земеничката на првиот човек на НАТО, Роуз Готомелер ги пречека во Брисел министерот за надворешни работи и шефицата на македонската одбрана.
Разговаравме за важноста на стабилноста и безбедноста во Западен Балкан, рече таа, за политичката ситуација во Скопје и за напредокот што го направија за реформските напори на новата влада. рана.
Говореше за НАТО и за повеќе од две децении ангажманот на Алијансата во Западен Балкан, која помага да се изгради поголема стабилност за земјите и заедниците во регионот, и дека НАТО „сака да ја види вашата земја“ да ја оствари желбата за успешно интегрирање во стабилен, безбеден и просперитетен регион .
Готомелер ја поздрави Црна Гора како 29-та членка на Алијансата.
Но, не и се згреши да го спомне уставното име на земјата на која од НАТО ѝ се толку благодарни.
Скопје, вашата земја, вашиот народ, вашите војници беше најмногу што изговори држејќи се строго до името под кое РМ е примена во ОН.
Што отвора прашања дали Македонија останува заложник на една членка која се противи на името Република Македониија и на влезот на РМ под сегашно име или под референцата ПЈРМ во Алијансата.





