На Милорад Додик му е исто такапресудена и шестгодишна забрана за политичка активност.
Ова е првостепена пресуда која може да се обжали.
Додик од видео бим од пред зградата на Народното Собрание во Бања Лука ја проследи пресудата.
Тој претходно кажа дека нема да присуствува на пресудата, а неговиот адвокат рече дека законот не ги обврзува да присуствуваат во судот.
Еден час пред изрекувањето на пресудата, Милорад Додик повторно и се обрати на јавноста од Претседателската палата во Бања Лука. Тој во својот говор искажа речиси идентични ставови како и претходните денови, обвинувајќи го Судот на Босна и Херцеговина за политички мотивирана пресуда.
Додик ја повтори тезата за „зачувување на Уставот на Босна и Херцеговина“, иако тој самиот со години ја оспоруваше со своите политички потези.
Додик даде уште една изјава. „Од денес веќе ја немате БиХ каква што сте замислиле“, рече тој.
Тој додаде дека веднаш по пресудата го контактирале Александар Вучиќ и Виктор Орбан.





