Албанскиот премиер Еди Рама во Скопје се обидува да постигне договор за соработка меѓу втората и третата партија во албанскиот блок Алијансата на Албанците и БЕСА.
Рама кој во Скопје пристигна на регионалниот бизнис самит имал средба со премиерот Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети по што имал работна средба на која што присуствувале и лидерот на БЕСА Билал Касами и Зијадин Села.
Веднаш по средбата со Еди Рама на партиска средба преговорите за соработка ги започнале лидерите на БЕСА и Алијанса на Албанците кои што освоија по под 50 илјади гласови.
Предходно Рама имал неформална средба и си Зијадин Села.

Според извори во албанскиот блок претставници на ДУИ партија која што идеолошки застапува исти социјалдемократски идеи, веќе реагирале до Рама со барање да не се меша во внатрешните прашања на Албанците во Македонија и да остане настрана од изборната битка.
На два дена пред изборите албанскиот премиер Рама изрази поддршка за Алијансата на Албанците Зијадин Села а сега се обидува да направи сојуз меѓу БЕСА и АА со цел да се направи баланс во албанскиот политички блок каде ДУИ повторно стана доминантен политички субјект.
Неофицијални информации велат дека мисијата на Рама е на барање на европски земји кои што би биле среќни доколу ДУИ која во Брисел како корумпирана партија се смета за „нужно зло“ биде заменета со нови свежи сили во албанскиот кампус.





