Единствена членка на ОН што нема кратко име е Македонија

Република Македонија е единствената земја на светот од члените на Организацијата на Обединетите Нации која што нема кратко име.



Во графата од официјален документ на светската организација од 2011 година кој се однесува на Македонија за земјава нема кратко име.

Во документот е поместено формалното име под кое ОН не примија во 1993 година Поранешна Република Македонија и тоа во кирилична и латинична верзија.

Во истиот документ се дава и официјалното име на Македонија во Обединетите Нации дадено на 6 јазици англиски, француски, руски, кинески, руски и арапски.

Од непознати причини бирократите во ОН во графата за името што го користат националните власти во Република Македонија не го ставиле уставното име туку поставиле линнк кој е е француски но тој не е функционален и заинтересираните не можат да видат дека во Македонија сеуште официјално е името согласно уставот Република Македонија.

Најапсурдна е состојбата со краткото име, графа која што ја користат сите земји и која што е празна само во случајот со Македонија. Причината зошто во оваа графа не стои Македонија како што не нарекуваат речиси 140 земји членки на ОН е јасна, грчката дипломатија помогната од кипарската две и пол децении успеваат да не блокираат каде што можат.

За разлика од Македонија која што нема ниедно кратко име некои земји членки имаат и по три а самата Грција има две кратки имиња а дури и за јазикот има две варијанти: грчки и „демотики“.