Европските весници во утринските изданија денес на насловна страница објавија вест за самоубиството на Слободан Праљак, кој се самоуби во судницата на Хашкиот суд вчера откако му беше потврдена пресудата од 20 години затвор за воени злосторства.



Откако ја слушна одлуката на Судот, Праљак од мал сад испи отров на општо изненадување на присутните. Почина неколку часови подоцна во болница.

Самоубиството  е главната тема на белгискиот „Де Стандард“, кој донесува сторија под наслов „Грчка драма во Хаг“.

Британски „Телеграф“ ударно ја донесува веста за самоубиството под наслов „Голтка смрт“ во затвор“.

Со потврдувањето на пресудите на шест босански Хрвати, меѓу кои и Праљак, Хашкиот трибунал ја заврши својата работа и постоење.

Меѓународниот трибунал за злосторствата на просторите во поранешна Југославија беше формиран на 25 мај 1993 година со резолуција на Советот за безбедност на ОН и 24 години водеше дела против 161 обвинет.