Највисоките европски обвинители ги истражуваат наводите за кривично дело во врска со преговорите за набвавка на анти-ковид вакцини меѓу претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на ФГајзер, изјави портпаролот на обвинителството во Лиеж.
Истражувачите од Канцеларијата на европското јавно обвинителство (ЕPPO)) го презедоа предметот од белгиските обвинители кои ја сомничат Фон дер Лајен за „мешање во јавни функции, уништување на СМС, корупција и конфликт на интереси“, според правните документи во кои увид имаше Политико.
Истрагата првично беше отворена од белгиските правосудни власти во градот Лиеж на почетокот на 2023 година, по кривичната пријава поднесена од локалниот лобист Фредерик Балдан.
Жалбата на Балдан се фокусираше на наводна размена на текстуални пораки помеѓу фон дер Лајен и шефот на Фајзер, Алберт Бурла, во пресрет на најголемиот договор за вакцини за ЕУ во екот на пандемијата „Ковид-19“, во афера наречена „Фајзергејт“ .
Подоцна на Балден му се придружија унгарската и полската влада – иако последната е во процес на повлекување на својата жалба по победата на изборите од страна на про-ЕУ влада предводена од Доналд Туск, изјави портпаролот на полската влада за Политико.
EPPO сега дополнително ја испитува улогата на претседателот на Комисијата во мега договорот за вакцини, кој имаше проценета вредност од над 20 милијарди евра.
Развојот доаѓа во деликатен момент за шефицата на ЕУ, бидејќи Фон дер Лајен се очекува(ше) да добие втор мандат на чело на ЕК.
Комисијата досега одбиваше да ја открие содржината на СМС пораките, па дури и да го потврди нивното постоење.
Договорот, во екот на пандемијата во 2021 година, првично се сметаше за триумф за фон дер Лајен.
По огромната количина на купени вакцини Политико кон крајот на минатата година откри дека имало залудно потрошени дози во вредност од најмалку 4 милијарди евра.






