„Европскиот фронт“ се заканува со „политичко-територијална автономија на Албанците“ и „други алтернативи“, ако не влезе во Владата!

„Општиот имунитет, што го гарантира опстанокот на Македонија, е интегративниот процес. Ако се загрози овој процес, ниедна терапија не може да го спаси пациентот.“ – изјави лидерот на ДПА Мендух Тачи по вчерашната седница на раководствата на ДУИ и другите партии-членки на „Европскиот фронт“, одржана во Тетово, кога лидерот на ДУИ Али Ахмети го изнесе тврдењето дека, наводно, „се прекршени Охридскиот договор и изборната волја на албанскиот народ“, која на изборите „определила дека се тие легитимниот претставник на Албанците од Македонија“. Оваа закана на Мендух Тачи, но и другите изјави на лидерите на партиите од „Европскиот фронт“, исто така со заканувачки тон, ги објави ТВ Клан Македонија во својата информација со наслов „Битка’ за легитимитетот / Пораки од Европскиот фронт до Мицкоски – Албанците имаат други алтернативи?!



ТВ Клан Македонија пишува: Лидерот на ДПА Мендух Тачи нагласи дека Македонија е единствената земја на Балканот по 90-тите од минатиот век, чии граници останале неранливи. Според него, „тоа не било случајно, туку се случило, пред се, со големиот компромис на Албанците“. „Големиот компромис на Албанците е направен со еден услов: Македонија да направи што треба, нејзината завршница да ѝ биде во НАТО и ЕУ. Тоа се документи, не се шега. Албанците од Македонија имаат свој референдум за политичко-територијална автономија.“ – рече Тачи.

Зијадин Села, лидерот на неговото крило во Алијансата за Албанците, кажа дека „оспорувањето на легитимитетот“ почнало уште од предизборната кампања кога политичките лидери, како што вели, „трубеле“ со противалбанство. Сели вели дека „нивниот план  бил да ги прегазат кршат изборната волја и пресуда на албанскиот народ и другите заедници“.

Села му упати порака на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски: „Ако тој ја нашол земјата каде што Македонците го изразуваат својот легитимитет 54 проценти,  тогаш треба да ни ја покаже и нам земјата, каде што и ние, Албанците и другите заедници, ќе го пројавуваме нашиот легитимитет и ќе го избереме нашиот политички претставник, или да… или во ова земја да си нацртаме самите. Но ќе знаеме ние да си го избереме сами својот политички претставник.“ – рече Села.

Лидерот на Европската демократска партија Аријанит Хоџа истакна дека „Европскиот фронт ќе ги штити гласот на граѓаните и легитимитетот“. Тој додаде дека „секое дејствување надвор од Охридскиот договор од 2001 година ги нарушува стабилноста и политиката во државата“. „Ова е најголем тест за * Македонија и ние ќе поставиме темели за репозиционирање на сите прашања, кои некој се обидува да ги искористи, или да ги остави како отворени.“ – посочи Хоџа.

Во „Политичката декларација“ на Европскиот фронт е нагласен повторно „евроатлантскиот курс како единствена алтернатива за заедничката иднина на * Македонија и за нашето ангажирање за целосно спроведување на нормите и духот на Охридскиот договор, на Договорот од Преспа и на Дофоворот за добрососедство со Бугарија, како и за затворање на сите отворени прашања со соседите како предуслов да се оди по европскиот пат“.