Земјите членки на Европската Унија денеска постигнале договор со кој многу полесно Брисел ќе може да го суспендира визната либерализација односно слободното патување во ЕУ во траење до 90 дена во рок од 6 месеци.
За договорот треба допрва да се гласа во Европскиот парламент.
Една од новините е што во иднина меѓу другите причини и сериозно кршење на човекови права во одредена земја корисник на слободно патување во ЕУ, ќе може да биде основа за укинување на визната либерализација.
,,Земјите-членки и Европскиот парламент штотуку постигнаа договор за олеснување на процесот на суспендирањето на европскиот визен режим со трети земји – меѓу кои се и кршења на човековите права. За договорот ќе се гласа наскоро”, се вели во информацијата која ја споделуваат повеќе извори во ЕУ.
Овие нови мерки на ЕУ и Европарламентот се однесуваат на следниве земји: Молдавија,
Украина, Ерменија, Србија, Македонија, Црна Гора, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина.
🇲🇩🇺🇦🇬🇪🇷🇸🇲🇰🇲🇪🇽🇰🇦🇱🇧🇦






