Универзален снабдувач со електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи како што неофицијално пренесуваат дел од медиумите, ќе остане ЕВН хоме. Според информациите утрово на електронската аукција оваа компанија понудила најмала профитна маржа од 9,9%.
Информирацијата треба да се официјализира по конечната одлука на Владата. Досегашната профитна маржа на ЕВН хом беше 11,5 отсто. Услов на Владата за новиот повик беше маржата да биде пониска.
На аукцијата, иако беше пријавена, не учествувала компанијата ЕДС затоа што наводно немале никаква информација за одржување на аукцијата.






