МЕПСО, Пошта, Македонија Пат, Управата за финансиско разузнавање, Матичните книги, Државните резерви и низа други дирекции ќе бидат предводени од кадри на ВРЕДИ, дознава portalix.mk
Коалицискиот партнер во владата ќе има и заменик директор во Царина, Управа за јавни приходи, ЕЛЕМ, Пензиски фонд, Финансиска полиција, Фондот за здравство и други.
Покрај ова ВРЕДИ ќе раководи и со Филхармонија, Албански театар Скопје, Просветниот инспекторат, Затворите во Струга и Тетово, Агро берза, ЈП за стопанисување со пасишта, Агенција за лични податоци, Национална радиодифузија, Агенција за супервизија на осигурување, Агенција за државни патишта, заменик Гувернер во НБРМ, заменик директор во ЕЛЕМ, како и директорски места во Клиниките.
Подолг е и списокот на директорски и заменички места во педесетина институции во државата, пишува порталот.





