Шпанските стадиони во минатата сезона биле исполнети во поголемиот дел од својот капацитет за време на натпреварите од првенство, пренесува Europa Press. На средбите во Примера и Сегунда биле преброени над 14 милиони гледачи (поточно 14 052 134). Тоа е речиси за 40 илјади повеќе од предходната сезона 2015/16 година.
Во Ла Лига просечната посетеност на средбите била 71,51 проценти од капацитетот на стадионите. Но за да се има подобра претстава треба да се соопшти и тоа дека 6 стадиони: Камп Ноу, Сантијаго Бернабе, Висенте Калдерон, Сан Мамеш, Бенито Виљамарин и Местаља имаат меѓу 50 и 100 илајди места.






