Состојбата во Хируршките клиники го става во опасност здравјето на пациентите, вели доктор Злате Мехмедовиќ во вестите на Сител телевизија .
Причината за сето тоа што се случува, како што вели, е некаков технички пропуст, што „во земји кои се добро стратешки позиционирани кога е во прашање јавното здравје, не би смеел да се случи ниту во сон“.
„Лекот“ за состојбите во здравствениот систем е во транспарентноста, вели докторот.
„Јавноста е сведок на овие состојби зошто се работи за нечесни работи. Не смееме да оставиме ништо не откриено. Мора се да биде транспарентно, тоа е лекот за состојбите во здравството, рече Мехмедовиќ.






