Оперскиот пејач и поранешен пратеник Игор Дурловски му оддаде признание на селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, за настапите на 29. Светско првенство.
„Кога најдобрите ќе застанат на вистинското место, успехот е неизбежен! Кирил Лазаров, легендата која со својата игра и страст ја постави Македонија на ракометната мапа, со ваква дисциплина, знаење, мотивација и како селектор ќе ги води нашите млади момци кон големи победи.
Време е за нова ера на успеси!“, вели Дурловски на Фејсбук.






