Поранешниот заменик премиер од редовите на ДУИ, Садула Дураку во дебатната емисија „КЛИК ПЛУС“ на ТВ21 ја коментираше улогата на ДУИ и сега улогата на Европскиот фронт.
„Во 2001 година ја демократизиравме државата, ја спасивме Македонија, а сега во 2024 година ја спасуваме С.Македонија со тоа што го избираме вистинскиот пат.
Државата ја насочуваме кон европскиот пат затоа што немаме друга алтернатива“, рече Дураку кој на претстојните избори е носител на листата на „Европскиот Фронт“ во изборната единица 2 .