Од Демократската унија за интеграција велат дека општина Чаир се претворила во опасно место за живеење и одгледување деца, а тоа било резултат на негрижата на градоначалникот на општината.
„Чаир стана опасно место за живеење и одгледување деца. Покрај урбаниот хаос, бетонирањето и нечистотијата, сега дури и електричните кабли кои паднаа на земја претставуваат директна закана за животот на граѓаните, особено на децата.
Ваквата состојба е директна последица на негрижата на градоначалникот на општината, Висар Ганиу, кој наместо да се грижи за безбедноста на жителите, го елиминира секое чувство за одговорност и отчетност.
Граѓаните веќе го бараат меѓу ‘изгубените луѓе’, бидејќи тој и кликата што го контролира, преку масовна корупција и тотално непочитување на секојдневните проблеми на граѓаните го претворија Чаир во неуправувана општина“, велат од ДУИ.





