ДУИ „станува“ обвинителство, антикорупциска, правобранител, ги повикува граѓаните да пријавуваат дискриминација и кршења на правата!

„ДУИ отвора мрежа за жалби, ги повикува граѓаните да пријавуваат етничка и политичка дискриминација, кршење на човечките права. ДУИ ја презема ‘улогата’ на Обвинителство, Народен правобранител и Антикорупциска комисија неколку месеци по напуштањето на институциите, со кои раководеше повеќе од две децении и каде што ќе можеше да направи промени. На фејсбук интегративците ги покануваат граѓаните да ги пријават сите тешкотии, прекршувања, или пречки, со кои се соочуваат во институциите.“ – објави ТВ Алсат.



Телевизијата објави: Во повикот од ДУИ до граѓаните се наведува: „Дали сте се соочиле со непочитување на Законот за албански јазик? Дали ви е одбиена можност, само поради вашата етничка припадност, или политичка припадност? Дали сметате дека во институцијата, каде што работите, ве третираат како граѓанин од втор ред? Дали сте албанска компанија, која се соочува со пречки и етничка дискриминација? Ако сте доживеале неправда, дискриминација или исклучување, пишете ни на месинџер. Вашиот случај нема да биде игнориран. Ако не го кажеме тоа денес, утре ќе биде предоцна.“

Сè уште не е познато што ќе прават со овие поплаки, или како ќе се третираат. Не е јасно како ќе успее опозицијата да ги реши овие проблеми. Ваков повик до граѓаните не беше направен претходно кога беа на власт. Партијата на Ахмети, сепак, обвинува дека „оние, што дојдоа на власт со слоганот ‘Македонија повторно твоја’, го бришат албанскиот јазик од институциите, ги отстрануваат Албанците од администрацијата, создаваат бариери за ограничување на нивните можности и блокирање на албанските компании“.

Ова не е прв пат ДУИ да започне кампања, со која би изгледала поблиска до граѓаните. Но тоа беше пред изборната кампања, планирана за пролетта 2020 година, во времето кога почна пандемијата. Оваа партија потоа ги покани изолираните граѓани во нивните домови да побараат помош од нивните активисти во секоја општина, во иницијативата што ја нарекоа „Грижа“. Само неколку дена по отворањето на директната телефонска линија, со откажувањето на парламентарните избори поради вирусот и директната телефонска линија и активностите за помош на граѓаните исчезнаа. – објави ТВ Алсат.