Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат.
ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират.
Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот.
Времето кога го купуваа гласот на народот завршува“, се вели во партиското соопштение.





