ДУИ има подготвена ,,Црна кампања”, еден секс скандал за звучно име од ВРЕДИ (VLEN)

Партијата на Али Ахмети која 22 години е на власт и има контрола врз огромен број важни ресурси во државата повеќе месеци работи на прибирање на материјали со кои сака да оцрни и елиминира од изборната трка политички противници.



Извори во ДУИ тврдат дека партијата има подготвена ,,Црна кампања” која содржи повеќе видови на материјали меѓу кои има аудио и видео материјали со приватна експлицитна сексуална содржина.

Сите партии со години водат црна кампања против ДУИ а сега во таа кампања се вклучени и институции од соседни држави каде албанската опозиција има политички партнери и затоа сега Мала Речица со иста мера ќе возврати на своите политички противници, велат истите извори.

Материјалите се однесуваат на повеќе политички противници а прв на тапет е звучно име од ВРЕДИ коалицијата составена од партиите на Таравари, Касами, Меџити, Гаши и претставници на Албин Курти позната како коалиција Вреди или VLEN.

Најголемиот удар треба да го очекуваат луѓето со кои до вчера беа заедно во владата и со кои до последно се преговарало за заеднички настап на изборите, тврдат изворите во ДУИ кои не даваат конкретни имиња и настани кои ќе бидат користени во кампањата.

Оваа црна кампања нема да се води преку традиционалните медиуми туку преку други канали. Изворите во ДУИ кои од разбирливи причини сакаат да се анонимни тврдат дека тие само ќе возвратат на црната кампања во која на пример над 2000 илјади лајкови од Бангладеш, Индонезија, Пакистан, Виетнам и други земји биле платени од политички противници за да дојдат на профилот на Артан Груби и да прикажат дека ДУИ мора да купува лајкови и нема поддршка во Македонија.

Први почнаа и сега ќе ја видат моќта на ДУИ да дискредитира политички непријатели, е пораката која најавува најцрна изборна кампања од независноста на Македонија.