Висока партиска структура, предводена од лидерот на ДУИ Али Ахмети, се собра синоќа, на 18 септември 2024 година, во седиштето на партијата во Тетово. Функционерите присутни на оваа средба се огласија преку фејсбук во врска со усвоените заклучоци. Организацискиот секретар Блерим Беџети и генералниот секретар Фатон Ахмети напишаа на фејсбук дека заклучиле на средбата, оти „партијата на интегристите останува единствена албанска сила во земјата и дека со големо внимание ги следат последните политички случувања во * Македонија“. Ова го објави ТВ 21.
ТВ 21 ја пренесува заедничката објава на организацискиот секретар на ДУИ Блерим Беџети и на генералниот секретар Фатон Ахмети на фејсбук: „Заедно со претседателот на ДУИ Али Ахмети, со генералниот секретар Фатон Алити остваривме средба со претседателите на ограноците, како и со дел од функционерите и поранешните функционери на централно рамниште. Продолжуваме да бидеме единствена албанска сила во земјата. Со големи внимание ги следиме активностите, што се одвиваат. Ќе преземаме во континуитет конкретни чекори за заштита на националното достоинство во Р*М.“






