„Кога беше променето името, се работеше за лево, либерално владеење, кое помогна да се промени уставот. Се постигна и спогодба со Грција и сега сме членка на НАТО. Навистина мислев дека Македонците се наминале себеси во овие изминати седум години, бидејќи не сме имале ниеден меѓуетнички инцидент. УЧК ја ослободи оваа земја во 2001 година. Ние, Албанците, водевме војна, за да ги скршиме секој монопол и еднонационалната политика, за да покажеме дека оваа држава е и наша и оти и ние сме нејзин рамноправен дел. Ова се потврди со Талат Џафери како премиер.“ – изјави Артан Груби од ДУИ, како претставник и на „Европскиот фронт“ во емисијата „Дебата плус“ на ТВ Клан Македонија.
ТВ клан Македонија пишува: Во изјавата дадена за емисијата „Дебата плус“ Артан Груби од Европскиот фронт се осврна на политичките случувања во Македонија уште од од изборите во 2016 година досега. Тој изнесе оценки во врска со придонесот на Албанците кон политичките и уставните промени во земјата, вклучително и промената на името и зачленувањето во НАТО.
Груби во оваа емисија посочи: „Навистина мислев дека Македонците се надминале себеси. Се сеќавате на изборите во 2016 година кога Албанците гласаа за СДСМ и на тој начин беше урната ВМРО ДПМНЕ, која имаше апсолутна власт од 2006 до 2016 година. Дури и на тие избори ВМРО ДПМНЕ победи со освоени 51 пратенички мандати наспроти 48-те пратенички мандати на СДСМ, но Албанците на многу умен начин дадоа поддршка и гласови за подобра иднина. Кога беше променето името, се работеше за лево, либерално владеење, кое помогна да се промени уставот. Се постигна и спогодба со Грција и сега сме членка на НАТО. Мислев дека Македонците се наминале себеси во овие изминати седум години, бидејќи не сме имале ниеден меѓуетнички инцидент.“
Груби изрази разочарување од гледањето на постапките на ДУИ како арогантни и ги отфрли изјавите на Арбен Таравари за „денот на ослободувањето“, нарекувајќи ги како искажување сервилност. Тој нагласи дека ДУИ и Европскиот фронт се бореа да го скршат едноетничкиот политички монопол и да покажат дека Албанците се рамноправен дел на македонската држава. Груби ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека ја обвинува ДУИ за различни прашања и оти се обидува да ги отстрани рамнотежите, воспоставени со Охридскиот договор. Тој рече дека е ова обид за маргинализирање на албанскиот глас во Собранието. „
„Многу ми е жал, ако на тој начин беше сфатено дека ДУИ постапила арогантно. Се обидовме да покажеме лидерски капацитети. Таравари вели дека вчера бил ден на ослободување, но за гледачите ова е ден на сервилност, а не на ослободување. Тој е ден на бакнувачите на рака, ден на вазалство. За какво ослободување зборува Таравари? УЧК ја ослободи оваа земја во 2001 година. Срамен е овој став на Таравари. Многу ми е жал што живеам во денешниве денови, што зборуваме за ваков став во 2024 година. Нека зборува Таравари за неговата програма и што ќе направи подобро. Од кого ослободил: од Артан Груби, од Али Ахмети, од Бујар Османи. Ова не е фер и не е добро за албанскиот народ. Ние водевме војна, за да ги скршиме секој монопол и еднонационалната политика, за да се покаже дека оваа држава е и наша, а ова се потврди со Талат Џафери како премиер. ВМРО ДПМНЕ за се ја обвинуваше ДУИ, а всушност тие сакаат да ги отстранат бадинтерот, балансерот (врамнотежувачот), да ги отстранат условувањата од Охридскиот договор. Сега велат од Вреди дека Македонија е ослободена и му порачуваат на ВМРО ДПМНЕ и да ги отстрани сите законски и институционални инструменти, што ги имаме, за да спречиме маргинализација на гласањето во Собранието. Ова е ужас.“ – рече Груби.





