„Државотворната“ ДУИ расправа за „поделбата на Р*М на региони“ и „ќе ги користи сите механизми за заштита на легитимитетот“!

„Потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми одговори на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека има од различни канали има информации, оти ДУИ има за цел да ја дестабилизира државата. Адеми повтори дека ДУИ е државотворна партија, која сè уште придонесува за демократизација на државата и оти ќе ги користат сите механизми за заштита на легитимитетот.“ – објави ТВ 21. Инаку, Арбер Адеми ова го кажа напоредно со одржувањето на денешната седница на Централното претседателство на неговата партија во тетовска Мала Речица.

Во врска со одржувањето на оваа седница натаму ТВ 21 пишува: Авторот на Охридскиот договор Пол Вилијамс, кој беше ангажиран од ДУИ да изнајде решение за почитување на легитимитетот, веќе подготви нацрт-текст, кој го испрати до ДУИ. Интегративците денеска се собраа во централниот штаб во Мала Речица, за да разговараат за овој нацрт, за кој, потпретседателот на партијата Арбер Адеми посочи дека е во врска со санкционирањето на легитимитетот и со почитување на волјата на граѓаните за формирање влада.

„Денеска расправаме за идеите и предлозите, кои Вилијамс ги даде во тој нацрт. Ќе има широки консултации со сите засегнати страни, вклучувајќи ги и академците, Невладините организации, цивилните здруженија, но и членството на ДУИ, кои се се загрижени за последните случувања од аспект на непочитувањето на волјата на граѓаните.“ – кажа Арбер Адеми.

На денешниот состанок на Централното претседателство на ДУИ се зборуваше и за ветингот, за кој Адеми рече дека е дамнешна политика на ДУИ овој процес да го спроведат меѓународни експерти, низ чиј ветинг ќе мора да поминат сите партии и секој политичар, како и судии, обвинители и процесот на приватизација од осамостојувањето на државата до денес.