Државна тајна: Договорот со Бугарија ќе биде објавен откако ќе биде парафиран

Завршија викенд консултациите меѓу работните групи на Македонија и Бугарија за договорот за добрососедство.
Според изјавата на Екатерина Захариева, Министер за Надворешни работи на Бугарија која со својот македонски колега Никола Димитров ги водеше преговорите македонската страна на дело а не само на зборови сакаат да го променат односот кон Бугарија.
Планот за потпишување на Договорот за добрососедство на 2 август не е променет. На потпишувањето нема да влијае ни форумот на НАТО во Црна Гора на кој треба да присуствува и американскиот потпретседател Мајк Пенс а на кој ќе учествува и премиерот Заев.
Според пратеникот Јулиан Ангелов член на коалиционите партнери на Борисов од „Обединетите патриоти“ деталите за договорот нема да бидат откриени се додека тој не се официјализира со потпис. Тој во интервју за бугарските медиуми вели дека договорот содржи прашања на кои Бугарија инсистира подолго време.
„Не можам да говорам за конкретни работи од договорот бидејќи тој се уште е таен додека целосно не се изјаснат двете држави. Но таму навистина се нешта за кои Бугарија настојуваше веќе 18 години да се случат. Македонија не може да влезе во НАТО и ЕУ додека не си го реши проблемот со името со Грција и додека нема договор за добрососедство со Бугарија и тоа е факт.“ – изјави Јулијан Ангелов ВМРО коалиција Обединети патриоти.
Според македонската влада потпишувањето на договорот нема со ништо да ги наруши таканаречените идентитетски прашања како именување на нацијата, јазикот или засебната македонска историја. Со ист став е и МАНУ според која досегашната соработка со бугарските академици и експерти не наведува на повреда на македонските национални итереси.
Според македонското МНР во Софија е постигнат компромис за договорот.

„Постигнавме база за компромис околу договорот за пријателство со Бугарија, а следниот чекор е информирање на владите во двете земји и други потребни внатрешни консултации“, велат од македонското министерство за внатрешни работи по дводневните консултации со колегите од Бугарија.



Од бугарското министерство за надворешни работи денеска информираа дека  разговорите поминале во конструктивна атмосфера. Постигната била база за компромис а следниот чекор е пристапување кон консултации и внатрешни процедури.

И покрај убеденоста на македонската страна дека договорот не содржи никакви спорни прашања тој досега не бил дел од дебата или јавна расправа.

Доголгодишниот дописникот на БТВ од Скопје Константин Филипов пред два дена најави дека македонските граѓани не се подготвени да го прифатат договорот (читај повеќе на таа тема) а првиот човек на агенцијата Фокус и екс бугарски разузнавач Красимир Узунов кој ја покривал Македонија, тврди дека во Скопје може да се очекуваат протести за договорот кои ќе бидат организирани од Белград. (читај тука)