Д-р Александар Климовски, редовен професор на Правниот факултет „Јустиниани и Паре“ во Скопје e новиот директор на Државната лотарија.



Климовски предава предмети како Право на друштва, Корпоративно управување, Корпоративна етика и Право на игрите на среќа.

Тој е еден од најпознатите и водечки правни експерти во регионот за регулирање на игрите на среќа, а неговите научни трудови се глобално цитирани во реномирани научни списанија.

Државна лотарија е компанијата во државна сопственост, основана според успешни примери и искуства од европските и светските државни лотарии, со цел континуиран придонес во републичкиот буџет за инвестирање во општествено корисни цели.