Во авион на Ер Азија синоќа се случил инцидент кога патник се обидел да ја отвори вратата за излез во случај на опасност, објавија денеска од малезиската авиокомпанија. 32. годишниот Индиец Афтаб Ахмед патем повредил неколку патници и членови на екипажот кои се обиделе да го спречат во намерата да ја отвори вратата кога авионот се подготвувал да слета, потврди АФП.

Инцидентот се случи во понеделникот вечерта, а осомничениот е уапсен и предаден на безбедносните сили на аеродромот во градот Ранча.
Компанијата потврди дека на летот од Њу Делхи до Ранча на 10. јули, авионот бил во опасност од “своеволен патник”, кој по инцидентот и слетувањето е задржан од безбедносните сили за понатамошна истрага.






