Драма во Крива Паланка: Работници блокираат турски бизнисмени

Десетици работници на турската компанија “Веибо груп” вечерва блокираат членови на менаџментот и не им дозволуваат да си заминат.



Меѓу членовите на менаџментот се тројца турски државјани и еден македонски

Ситуацијата која е напната од пред неколку дена кога отказ добија 210 работници, ескалирала кога незадоволни работници влегле во дирекцијата и не им дозволуваат на директорите да ја напуштат зградата на компанијата во Крива Паланка.

На местото на настанот е присутна и полиција.

„Веибо груп“ е лоцирана на неколку километри од Гиновци, на самиот влез пред Крива Паланка. Во градот се шпекулира дека сопственикот на турска компанија, најавил затворање на фирмата.

Вкупните побарувања за плати, според работниците, изнесуваат околу 200.000 евра.

Тие предходно најавија дека ќе ангажираат адвокат за застапување на нивните права, а од денеска требаше да продолжат со протест пред седиштето на „Веибо груп” во Скопје.