На полноќ започна предизборната кампања за претседателските уизбори која ќе трае до 24 часот на 24 април.



Во 20 дена што ги имаат на располагање претседателските кандидати ќе се обидат да ги привлечат гласовите на граѓаните од кои зависи кој ќе биде шеф на државата во наредните 5 години.

Во трката учествуват:

актуелниот претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ,

Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ,

Билјана Ванковска од „Левица“,

Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“,

Бујар Османи од коалицијата „Европски фронт“,

Стевчо Јакимовски од ГРОМ, и

Максим Димитриевски од „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“.

Некои од кандидатите веќе за првиот ден од кампањата најавија презентирање на изборната програма и отворање на изборни штабови.