„Дојче веле“: Македонска салата во Грција

Спирос Москову, уредник на грчката редакција на „Дојче веле“, во својот коментар за спорот со Македонија за името констатира дека „политичкиот систем на Грција сè уште не е доволно зрел за да се посвети на политиката на 21. век“.



„Решението на овој бесконечен и анахрон спор меѓу Грција и Македонија ќе отвори важна фаза за нормализација на Југоисточна Европа по војните во Југославија. Регионот како целина би можел да се ослободи од товарот од минатото и да отвори нови можности за стабилизација. Но, за жал, се чини дека политичкиот систем на Грција сè уште не е доволно зрел за да се посвети на политиката на 21. век. Примерот со Македонија ги покажува грешките од минатото: во изминатите децении, грчките партии ја изгубија можноста да му појаснат на својот електорат дека грчка Македонија е очигледно грчка. Но, таа не е единствената“, пишува Москову во коментарот насловен „Македонска салата во Грција“.