Дојде ли Велигден, во Бугарија алармираат за увоз на поевтино јагнешко од Македонија

Како и секоја година во пресрет на Велигден, и годинава во Бугарија го вклучија алармот за увоз на јагнешко месо од Македонија по дампинг цени.



Просечната цена на јагнешкото е 28 лева (околу 84 денари), а во земјата засилено се увезува замрзнато месо од јагне од Македонија со околу 20 проценти пониска цена од пазарната во членката на Европската унија, посочи Пејо Мајорски, претседател на Асоцијацијата за заштита на потрошувачите.

Тој ја повика Бугарската агенција за безбедност на храната да ги зајакне проверките и контролите за евтино увезено месо и јајца на границите.