Доста е – ЕУ лидер ставил вето за членство на Украина во ЕУ

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан најавува референдум за влез на Украина во ЕУ и објави дека го блокирал на обидот на Киев да стане дел од унијата.



Во видео во кое објавува дека нема да дозволи да се формира единствена европска позиција со која Украина ќе стане членка на ЕУ Орбан порачува дека Киев добил вето од Будимпешта.

,,❌ Вето! Доста е! Ќе го прашаме унгарскиот народ за членството на Украина во ЕУ. Дотогаш не можеме да поддржиме заеднички став по ова прашање”, објавува Орбан.

Практично Унгарија го користи механизмот кој Грција, Франција и Бугарија цели 17 години го користат за да ја блокираат Македонија на патот кон ЕУ.

Орбан во изјавата вели дека нема да дозволи про воена позиција на ЕУ и дека мора да запре загубата што ја имаат унгарските граѓани.

Открива дека на средбата во ЕУ украинскиот претседател не бил пријателски настроен кон него.

Преходно Орбан рече дека Украина не смее да биде поважна од трите балкански децениски кандидати

Македонија и две други земји утре можат да влезат во ЕУ, европски премиер не прифаќа Украина да има приоритет пред нив (ВИДЕО)

Видеото на овој линк