Најмногу го сакаме нашиот домашен бурек со месо кој е највкусен во комбинација со јогурт или кисело млеко.
Состојки:
Тесто:
-Брашно – 500 гр.
-Млака вода – 500 гр.
-Сол – 500 гр.
Фил:
-Мелено месо – 400 гр.
-Кромид – 400 гр.
-Масло – 400 гр.
-Вода – 400 гр.
-Црн бибер – 400 гр.
-Мешан сув зачин – 400 гр.
Погготовка:
Од состојките за тесто замесуваме средно меко нелепливо тесто. Тестото го делиме на 4 дела и формираме топчиња. Секое топче го премачкуваме со масло и ги оставаме да отстојат 10 минути.

Од секое топче со сукало развлечуваме мала кора колку една мала плитка чинија.
Малите кори ги ставаме во чинии премачкани со масло и секоја кора ја премачкуваме убаво со масло и ги оставаме да отстојат 20 минути.
На убаво намрсната површина со раце ја развлекуваме првата кора, колку што може потенко. Подебелите краеви ги сечеме и ја здиплуваме во форма на круг.
Ја развлекуваме втората кора и на средина ја ставаме здиплената прва кора. Нанесуваме од филот само на здиплената кора и преку нејзе ги префрлуваме краевите од втората кора, за убаво да се затвори бурекот.
Вака здиплениот бурек го тргнуваме настрана и ја развлекуваме третата кора.
Во средина на неа го ставаме дотогаш свитканиот бурек и врз него ставаме од филот. Краевите на развлечената кора ги префрлуваме пак преку филот и го оставаме настарана. Ја повтараме постапката и со четвратата кора.
Од исечените краеви од секоја кора формираме топче и од него развлекуваме уште една кора како слој на самиот бурек.
Печеме на 200 степени, додека убаво порумени( околу 30 минути).
Фил
Во тава со малку масло го пропржуваме кромидот и го додаваме меленото месо.
Наросуваме црн бибер и мешан зачин , малку вода и оставаме да се пропржи додека месото ја смени бојата. Не го пржиме многу, за да при печењето не стане суво.





