Банана сплит е еден од највкусните десерти кои вообичаено чинат скапо во рестораните и ланч-баровите. Овој рецепт ќе ви помогне да го направите десертот со малку труд и пари во својот дом.
Состојки:
-1 кг банани
-500 гр сладолед од ванила и чоколадо
-чоколаден прелив
-шлаг пена
-шеќер во прав




Начин на подготовка:
Подготовката на овој вкусен десерт е повеќе од едноставна. Бананите се лупат, една од нив се става на порција, на краевите се ставаат топка сладолед од ванила и топка сладолед од чоколадо, наместени на спротивните страни, одозгора се става шлаг и чоколаден прелив.
Се наросува шеќер во прав.
Уживајте во слаткиот вкус