Единаесет пожари вчера биле активни во повеќе делови од државата, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
За денеска се предвидуваат врнежи од дожд, кои според директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, можат да бидат корисни и да придонесат за гаснење и воспоставување целосна контрола над пожарите.
„Но, за секој случај, се подготвува нова рунда странска помош, па ако нема дожд и има потреба и ако пожарите се движат во несакана насока и со несакана динамика, подготвени сме итно да донесеме помош однадвор, пред се’ авиони“, вели Ангелов.
Најголем проблем и понатаму остануваат пожарите на планината Серта.






