Договорот со Македонија настан на годината во Бугарија

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија е прогласен за настан на годината во изборот на бугарското радио Дарик.



Документот што го потпишаа македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот бугарски колега Бојко Борисов на 1 август во Скопје доби предност во однос на четири други настани: превирањата во Европа, третата влада на Бојко Борисов со патриотите во власта, битките на претседателот Румен Радев и третото место на тенисерот Григор Димитров на АТП-листата.

Ова беше 22. избор на радиото, кое за политичар на годината заедно ги избра бугарските европарламентарци Ангел Џамбаски, Андреј Ковачев, Искра Михајлова и Сергеј Станишев.