Договорот со Бугарија оди на ратификација во Собрание

Загржените бугарски медиуми и интелектуаната и политичјка елита, можат да здивнат:



Предлог-законот за ратификација на Договорот со Бугарија што беше потпишан на 1 август од премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, е доставен на ратификација до Собранието на Републиа Македонија, соопшти портпаролот на владата, Миле Бошњаковски.

„Го разгледавме и го утврдивме предлог-законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработа меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Доставен е до Собранието, очекуваме понатамошната постапка да заврши наскоро“, изјави портпаролот.

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија, кој во ноември се најде пред бугарските парламентарци и кој предизвика „нервоза со доцнењето на Скопје“ во бугарските медиуми, беше прогласен за настан на годината во изборот на бугарското радио „Дарик“.

Документот што го потпишаа македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот бугарски колега Бојко Борисов (за кого Договорот бил „клучен за Балкано) доби предност во однос на четири други настани: превирањата во Европа, третата влада на Бојко Борисов со патриотите во власта, битките на претседателот Румен Радев и третото место на тенисерот Григор Димитров на АТП-листата.