Директорот на Канал 5 го анализира „гробарскиот туризам“ на Апасиев

Директорот на Канал 5 Иван Мирчевски му забележува на лидерот на Левица, Димитар Апасиев, за „гробарскиот туризам“ што го води.



Мирчевски на социјалната мрежа LinkedIn реагира на пост на Апасиев во кој тој споделува пред јавноста дека заедно со сопругата кога патуваат низ светот посетуваат гробишта на нивни идоли.

Во постот во кој има и многу иронија Мирчевски предлага туристите во овој вид на туризам да се возат во погребно возило.

,,Кога ви велев, кога јавно ве убедував дека тој е интелектуален гигант, креативен мастермајнд, неопеан херој…многумина од вас ми се потсмеваа, небаре сум Зоран Иванов со Џабир Дерала.
Ама…дали некогаш вам ќе ви текнеше ваква генијалност?
ГРОБАРСКИ ТУРИЗАМ???
Димитар Апасиев, за мене ова е вистински старт-ап, ова треба да биде препознаено од ФИТР и соодветно поддржано!

Само се прашувам, дали организаторот ќе има опција за потенцијалните туристи, нормално оние со најдлабок џеп, да платат и да одат со тебе на следните посета на некои гробишта и да патуваат легнати во погребен, црн караван?

Овој гробарски туризам може да опфати развој на неколку индустрии, ма браво!
Браво генијалци”, пишува Мирчевски користејќи ги хаштазите:
hashtag#macedonia hashtag#business hashtag#cemetary hashtag#tourism hashtag#great hashtag#idea

Преходно Апасиев стана предмет на исмевање во јавноста кога заедно со партиска делегација се поклони на гробот на Енвер Хоџа, еден од најголемите диктатори во историјата на Европа.

Мирчевски подолго време се обидува да го убеди Апасиев да биде гостин во неговата емисија ,,На кавга со” но лидерот на Левица одбива.