Со писмен налог директорката на Државниот музичко балетски училишен центар Илија Николовски Лујнод Скопје и наредила на професорка со 30 години стаж да оди на психијатар.
Налогот кој не постои како правен механизам со кој некој директор може да упати професор на психијатриско посматрање, е издаден со образложение дека професорката со своето поведение го загрозува здравјето на учениците.
Професорката која е самохрана мајка а во училиштето работи од 1994 година без никакви претходни инциденти сега мора во рок од 5 дена да се упати во Јавната Здравствена Установа Универзитетска клиника за психијатрија.
Според налогот доколку професорката не се јави на психијатар директорката ќе може веднаш да ја избрка од работа.
Налогот кој е издаден од страна на директорката е пишуван врз основа на Законот за наставници и врз насоки дадени од Училишниот одбор на средното музичко училиште Илија Николовски Луј.
Предходно професорката поднесла претставка за корупција против директорката.
Државната антикорупциска комисија по барањето од професорката побарала од Училишниот одбор да започне иницијатива за утврдување на сомнежите за корупција но Управниот одбор се прогласил за ненадлежен.






