„Започна нова инвестициска ера на Република Македонија, која провлекува рекорден број директни странски инвестиции! Од јануари заклучно со септември 2024 година беа привлечени 838 милиони евра директни странски инвестиции, но целта на Владата на Република Македонија е да се достигне сумата од една милијарда евра!“ – изјави Гоце Димовски, директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, во вчерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува“, во кој вниманието беше насочено кон инвестициите и нивната улога.
Димовски нагласи: „Целта на оваа Влада е да им даде сериозна поддршка на компаниите, пред сè од приватниот сектор, бидејќи треба да се негуваат оние компании, кои даваат додадена вредност во самата економија. Оваа Влада е сериозно посветена на оние компании, коишто навистина го почитуваат законот и работат според него.”
Тој соопшти дека тековно се водат преговори за привлекување странски директни инвестиции, нагласувајќи дека порастот на стратегиските инвестиции отвора можности за економски напредок. Димовски истакна дека овие инвестиции поттикнуваат иновации и создавање нови работни места. „Во тек се преговори и се надеваме дека ќе се реализираат. Станува збор за голема инвестиција, вредна повеќе од 350 милиони евра: таа компанија треба да изгради капацитет, кој ќе има високо технолошко производство и ќе создаде високо платени работни места. Компанијата ќе има сериозен извоз.” – објасни Димовски.
Гоце Димовски, директорот на Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, се осврна на најновите податоци од Народна банка за првите девет месеци од 2024 година, според кои странските директни инвестиции во Република Македонија во споменатиот период биле 838 милиони евра. Според него, рекордниот пораст на инвестиции ја потврдува довербата во владината стратегија, додавајќи притоа дека владината политика создава поволна клима за инвестиции и раст.
„Последните информации од Народна банка за првите 9 месеци од 2024 година покажаа дека имаме прилив од повеќе од 830 милиони евра странски директни инвестиции. Нашата заложба и цел е да стигнеме до една милијарда евра, без оглед што 838 милиони евра е рекорд во историјата на независна Македонија. Целта ни е да стигнеме до повеќе од една милијарда евра странски директни инвестиции во Македонија. Ќе поставиме цел, која ќе треба да ја надминеме.” – заклучи Димовски во вчерашниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува“.
Home Македонија Димовски: Нова инвестициска ера на РМ, рекордни 838 милиони евра странски вложувања...





